Немаме играно тенис долго време, но мислиме дека тоа на екранот не е РЕКЕТ: П*рно филм се пушти на големиот екран на тенискиот турнир во Аргентина на кој домаќини беа некои од најголемите светски играчи
Некој од техниката планирал да се опушти додека трае турнирот ама сигурно не планираше сите да видат…
АТП 250 турнирот започна во понеделник (5 февруари) во Кордоба, Аргентина. Но, уште од првиот ден се вжешти ситуацијата бидејќи на огромниот ТВ екран почна да се прикажува филм за возрасни.
Видеото привлече големо внимание на социјалните мрежи додека публиката остана запрепастена. Извештаите во Аргентина тврдат дека видеото траело неколку минути. А официјалните лица на турнирот допрва треба да понудат објаснување за тоа што се случило.
„Кордоба опен“ е настан на кои учествуваат 28 играчи. За прв пат се одржа во 2019 година.
На него учествуваа локалните ѕвезди Франциско Серундоло, Себастијан Баез и Томас Мартин Ечевери, кои го победија Енди Мареј во првото коло на Австралија Опен минатиот месец.
Едно познато име кое одговори на бизарниот п*рно инцидент на турнирот беше победникот во двојки на Австралија Опен од 2022 година, Танаси Кокинакис, кој слатко се изнасмеа пишувајќи „Хахахаха готов сум“.
Коментирај анонимно