„Сум спиел со повеќе од 500 жени во мојот живот и во исто време сум се гледал со 6. Но, има едно правило што сите жени коишто се гледаат со мене МОРА да го следат“
Мажот е толку популарен кај дамите, па дури излегува со шест одеднаш. Тој досега во својот живот легнал со преку 500 љубовници.
Ентони Алваренга никогаш немал проблем кога е во прашање привлекувањето жени. Тој има четири деца со двете жени со кои се оженил и се развел до 22-годишна возраст.
И бидејќи неговиот втор брак завршич минатата година, 23-годишниот маж од Лос Анџелес, одлучил дека моногамијата не е за него. Милионерот – кој своето богатство го заработил како трговец – вели дека ја „сака“ слободата да биде сингл.
Тој тврди дека жените не можат да одолеат на неговиот изглед, статус и шарм. А кога станува збор за состанувањето, тој дури вели дека не е толку тешко бидејќи жените секогаш се „фрлаат“ по него на ноќни излегувања или му пишуваат пораки.
И покрај тоа што не му недостигаат понуди, тој вели дека има едно строго правило кое треба да го следат неговите „девојки“. Мора да се држат настрана од другите момци.
Тој вели: „Во моментов – имам неколку жени на кои гледам како на девојки, но не сум лојален на никого. Се движам каде сакам, кога сакам. Но, тие мора да ми бидат лојални секако“.
Ентони продолжи: „Тоа е мојот стандард – ако таа има неколку момци одеднаш е готово. Не би поминал повеќе од една ноќ или еден ден со жена која разговара со некој друг. Луѓето можеби имаат проблем со тоа, но мислам дека тоа е мојот живот и ако жената не е во ред со тоа како се чувствувам, тогаш таа е слободна да оди. Нема ништо што ја држи тука – таа е таму по своја слободна волја“.
Ентони пораснал во домаќинство со еден родител и го напуштил училиштето пред да дипломира за да продолжи со кариерата како трговец. Имало моменти кога изгубил околу 45.000 долари учејќи го својот занает во првите две години, но оттогаш заработува милиони – дозволувајќи си да ужива во раскошниот начин на живот за кој отсекогаш сонувал.
Ова му овозможило на таткото на четири деца да купи суперавтомобили во вредност од 3 милиони долари и да потроши повеќе од 1,5 милиони долари на накит. Но, и покрај тоа што ужива во начинот на живот за кој повеќето од нас можат само да сонуваат, тој немал толку среќа кога станува збор за врски.
Неговиот прв брак со неговата сакана од детството завршил по две недели. Вториот брак траел неколку месеци.
Поради ова, Ентони се чувствува дека смирувањето е „губење време“, па решил да се посвети во грижата за своите деца, да заработува пари и да ужива во животот. Тој моментално излегува до четири пати неделно и е на пат да спие со повеќе од 1.000 жени во следните неколку години.
Тој изјави: „Неколку пати се смирив во минатото и немам намера да го повторам тоа. Поминав премногу со последните два брака за да сфатам дека тоа не е начин. Секогаш завршува исто. Тие на крајот остануваат бремени и јас ги сакам моите бебиња, но секогаш се распаѓа по неколку години. Вашите чувства се губат, а жените стануваат премногу луди, па целата работа изгледа како губење време“.
A so ocekuvavte od nekoj so nosi corapi na vlecki?
Жените се дружат со него поради парите, а не затоа „што е јак шизик“! Но, тоа ќе го сфати ако снема пари!
Коментирај анонимно