„Мојот син тинејџер се одрече од мене затоа што се заљубив во неговиот најдобар пријател“

Се викам Ана и имам 43 години. Чувствувам дека ќе ме судат. Но, ви пишувам за да ми дадете совет како да ја подобрам ситуацијата.

Мојот единствен син го родив на 21 година. Сопругот почина 2 години откако се роди син ми Ник и така останав сама со него.

Кога станува збор за запознавање никогаш не сум имала многу среќа. Имав неколку случајни состаноци овде-онде и многу малку врски кои не траеја долго. Сето тоа беше за време на детството на мојот син.

Но, еден ден се се промени иако воопшто не очекував. Тоа беше денот кога го запознав најдобриот другар на син ми.

На почетокот на четврта година Ник го донесе својот најдобар пријател Макс, во нашата куќа. Оттогаш, Макс доаѓаше во нашата куќа главно секој втор викенд. Бев среќна бидејќи мојот син немаше добар социјален живот и не можеше да се пофали со многу пријатели. Ми се допадна Макс како личност. Тој е фин и дружељубив тип. Повремено водевме кратки разговори кога беше кај нас.

Потоа еден ден разменивме броеви. Веднаш почна да ми праќа пораки и секакви шеги. Обично одговарав. На Ник воопшто не му пречеше и можев да видам дека се однесуваше на нормален начин.

По 6 месеци посета на нашата куќа, Макс и ми испрати порака дека сака да се видиме на кафе. Тоа беше порака која излезе од никаде, ништо не водеше до неа. Тој рече дека е нешто итно и важно. Бев заинтригирана и се согласив на средба.

А оттаму другото е историја..

Толку долго време никој се немаше заинтересирано вака за мене. Макс имаше 18 години кога се запознавме. После долго двоумење конечно се согласив да ја започнам оваа врска, но имав услов Ник дека не треба да зае за тоа.

Нашите средби станаа многу чести, а врската постепено се зацврстуваше. Набрзо сфатив дека се заљубив во Макс и тој брзо стана главен извор на радост за мене. Едвај чекав да дојде викенд за тој да дојде кај нас дома. Не ми беше грижа за ништо друго.

Но, кога син ми дозна имавме голема расправија.

 

Кога Ник се спремаше да замине за на факултет во друг град добив порака од Макс дека тој знае сè за нас. Се плашев да се вратам дома од работа, но некако собрав сили. Син ми едвај изговори еден збор за ситуацијата. Не ја коментираше врската и беше многу ладен со мене. Кога го симнав на аеродром тој не ме ни прегрна и не ме ни погледна.

Поминаа веќе 4 години. Јас и Макс имаме 1-годишна ќерка. Макс работи како инженер. А последен пат го видов син ми на тој аеродром. Тој ме блокираше секаде.

Ги прашав свекорот и свекрвата дали некогаш тој стапил во контакт со нив. Свекор ми ми кажа дека син ми им ја раскажал работата за Макс и тој му ветил дека тие ќе се грижат за него. Беа лути на мене и ми рекоа никогаш да не ги контактирам.

Но, пред некое време добив повик од Ник. Се договоривме да се сретнеме и да разговараме.

Тој ми кажа дека никогаш немал проблем да се гледам со други луѓе или да запознаам некого. Тој всушност сакал јас да најдам љубов. Но во текот на изминатите години се чувствувал конфликтно и не може да преболи неколку работи.

Тој рече дека не може да го преболи фактот што не сум го земала предвид кога станува збор за започнување на врската. Тој се чувствувал дека мене ми била повеќе вредна романтичната врска до тој степен да ја уништам врската со мојот син поради тоа.

На крајот ми кажа дека тој сега има сопруга и дека дедо му и сопругата се негово семејство. И само сакал да се видиме за последен пат пред трајно да ја прекине врската со мене. Ме замоли воопшто да не го контактирам ниту него ниту неготовото семејство. Ми кажа дека никогаш повеќе не сака да ме види и дека нема да ми дојде ниту на погреб кога ќе дојде време.

Јас навистина не знам што да правам и ве молам за совет.

  • Kiril напиша:

    Potpolno si vo pravo, a ako sin ti taka resil, toa e negov problem. Bidi srekna.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *