„Изгледам исто како Бијонсе, па обожавателите ми нудат брак и по 25.000 долари за една ноќ“
Една Бразилка вели дека добивала понуди за работа, предлози за брак, па дури и запросување преку ноќ за 25.000 долари бидејќи изгледа исто како Бијонсе.
„Кога луѓето ќе ме видат, веднаш коментираат дека личам на пејачката“, изјави 35-годишната Јулијана Мачадо Сотињо.

„Повеќето од нив се изненадени од сличноста“, продолжи Сотињо. „Луѓето секогаш велат: „Леле, дали знаеш дека личиш на Бијонсе? Или, „Девојко, ти си среќна личност, многу ме потсетуваш на Бијонсе“.
Сотињо, која потекнува од Игуаба Гранде во Рио де Жанеиро, рече дека ја забележала нејзината сличност со Бијонсе (42) дури кога почнала да објавува на социјалните мрежи во 2019 година. Оттогаш, Сотињо привлекува несакано внимание кај мажите.

Среќно мажената мајка на шест деца тврди дека добила пет предлози за брак и понуда од 25.000 долари за да ја помине ноќта со еден човек.
„Луѓето знаат дека сум омажена затоа што секогаш покажувам каков е мојот живот на социјалните мрежи, но веќе добив секакви понуди“, објасни Сотињо.


Сотињо вели дека ја преплавиле коментарите на „TikTok“ кога ги заменила своите кафени прамени за руса перика.
Нејзините видеа почнаа да добиваат на внимание, а фановите на Бијонсе ја преплавија нејзината страница.

Сотињо реши да продолжи со имитирање на пејачката и собра 142.000 следбеници на „TikTok“ и „Instagram“ и неколку деловни партнерства за промовирање производи. Но, нема Греми (сè уште).
Сотињо дури отиде дотаму што своето најмало дете го нарече Жизел, што е средното име на Бијонсе.

Коментирај анонимно