Христијаните на нозе, со цел да спречат журка во ЦРКВА: „Не сакаме диско таму, не сакаме луѓе да играат на музика од Еминем и да пијат алкохол во Божјиот дом!“

Налутени христијани протестираат против „silent disco“ (тивкото диско) во катедралата во Кантербери оваа недела затоа што сметаат дека не е соодветно да се случи таму.

 

 

Познатата катедрала, југоисточно од Лондон, треба да пречека околу 750 луѓе во четврток и петок навечер за настанот со тема 90-тите. Присутните кои ќе носат слушалки ќе играат со музика од Бритни Спирс, TLC, Еминем и Spice Girls додека уживаат во алкохол на подиумот за танцување во Катедралата.

Билетите чинат 31 долар – со ВИП опции и по 40 долари – пред да се распродадат.
Се ветуваат „позитивни вибрации за забава за добро искуство“ – но некои конзервативни христијани жестоко се противат против дводневниот собир.
„Иако го почитуваше нашето право да протестираме, Градоначалникот ја отфрли нашата петиција, изјавувајќи дека сме екстремно малцинство – затоа што не сакаме алкохол на музиката на Еминем во Божјиот дом“, рече д-р Кајетан Сковронски, кој го предводи протестот.

 

 

Сковронски инсистира на тоа дека ниту една друга религија не би размислувала за користење на свето здание на овој начин и дека настанот ќе ги наведе луѓето да веруваат дека христијаните „не ја сфаќаат својата вера сериозно“.

 

 

„Дискотеките, забавите се апсолутно одлични, но само на нивното соодветно место – се е добро во ноќен клуб, но катедралата во Кантербери не е изградена за ова“, тврди тој.
Лекарот од Сасекс очекува околу 30 луѓе да учествуваат во неговиот мирен протест и се надева дека и други ќе се приклучат.

Локалната анкета покажа дека 54 отсто го поддржуваат настанот, додека 46 отсто се против. Монтејт, од своја страна, вели дека тивката дискотека ќе биде „соодветна и ќе ги почитува Божјите правила“.

 

 

„Катедралите отсекогаш биле дел од животот на заедницата на некој начин – многу поширок од нивниот главен фокус како центри на христијанско обожавање и мисија“, рече тој.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *