Модерната мамичка се одлучи дека вистинскиот момент да го учи нејзиното дете е во СУПЕРМАРКЕТОТ, додека купувачите губат трпение. Нека проба тука кај нас да го направи ова
На родителите често им се кажува дека светот е детска училница и нема подобар начин да се изгради самодоверба и независност од тоа да им дозволите на вашите деца да прават работи за себе.
Но, дали тоа треба да биде на сметка на другите? Тоа е прашање кое ѝ беше поставено на оваа модерна мајка откако објави за нејзиното едногодишно дете на касата во супермаркет.
Во видеото текстот гласи: „Кога редот зад вас расте, а луѓето ве гледаат, но не ви е гајле затоа што вашето дете учи, а брзањето е она што им дава на малите деца вознемиреност“
Се гледа дека Еш го учи своето дете имињата на овошјето и зеленчукот и го охрабрува да ѝ помогне.
Да се биде свесен е уште една важна лекција за нашите деца
Иако клипот има среќна атмосфера во неделата наутро, сепак е навистина некултурно да игнорирате дека луѓе зад вас чекаат само затоа што вашето дете ги учи овошјето и зеленчукот. Тоа може да го вежбате и дома нели?
Коментарите нагласија дека е во ред да одвоиме време кога се во прашање нашите деца и не секогаш да брзаме со нив – се додека кога е во јавност, тоа не влијае на другите.
Но, модерната мама Еш го задржа својот оптимизам за моментот на предавање и покрај тоа што не наиде на поддршка затоа што нели, кои се другите луѓе да ѝ кажуваат како треба?
Коментирај анонимно