Потресна исповед на мигрант од Сирија, којшто живее во превртен брод на плажа во Англија: „Сакам да си одам, тука нема ништо за мене, но не ми даваат!“

Илегален мигрант, кој живее на плажа во градот Кент, очајно раскажува за неговата борба да ја напушти Велика Британија. 25-годишниот Сириец вели дека е „заробен“ во оваа земја и дека сака да си оди. Тој се обидува да побегне од Велика Британија од минатото лето кога бил протеран од хотел во Лидс што го користело Министерството за внатрешни работи за барателите на азил.

 

 

Веќе пет месеци, тој се обидува тајно да се качи на камион што заминува со траект за Франција.

Ала Елдин изјави: „Полицијата ме забележа и ме врати на мојот брод на плажата. Пред два месеци ме запреа кога се обидував да се качам на камион. Полицијата ме стави во ќелија на еден ден, а потоа ме ослободи. Минатиот понеделник навечер, двајца полицајци ме фатија во парк во близина на плажата каде што живеам. Бев забележан на локална камера и ме вратија назад до мојот брод“.

 

 

Тој пристигнал во Довер со гумен чамец на трговци со луѓе од Франција во август 2021 година – еден од 28.526 мигранти што го преминале Каналот таа година. По пристигнувањето, тој изјавил пред Министерството за внатрешни работи дека како тинејџер побегнал од сириската граѓанска војна и дека неговото враќање би значело повик во армијата, каде што неговиот живот би бил загрозен.

Ала се сеќава: „Оригинално ја напуштив Сирија пред девет години. Сам отпатував до Германија со тоа што минав низ Турција и плаќав за патувањето со брод  до Грција за да влезам во Европската унија. Отидов во Германија каде имав членови на семејството. Но, пред три години си отидов од кај нив затоа што се побожни и велат дека не сум добар муслиман затоа што пушам и пијам“.

По распадот на неговото семејство, тој заминал и се упатил кон северна Франција.

 

 

„Мислев дека Велика Британија ќе биде добро место за наоѓање работа во градежната индустрија, јас сум талентиран градежник“, рече тој.

Но, тој ги прекршил правилата за азил на Министерството за внатрешни работи пред пет месеци кога го напуштил хотелот „Британија“ во Лидс на една недела за да се обиде да заработи пари на црниот пазар. Кога се вратил со надеж за кревет, официјалните лица му рекле дека неговото барање за азил се отфрла. Тогаш се упатил кон Довер.

„Сега нема ништо за мене во Британија“.

 

 

Ала рече: „Имав пари во евра кои ги заработив на градежни работи кога дојдов во Англија, но сето тоа беше украдено на патот додека ја носев готовина. Сега не ми остана ништо“.

Двајца негови пријатели мигранти, кои исто така живееле на плажа, неодамна се вратиле во Франција.

„Многу луѓе кои дојдоа преку Каналот сакаат да заминат сега – нема ништо за нас овде“, рече Ала.
Владата затвора 50 хотели кои се користат за мигранти за да ги намали трошоците за даночните обврзници од 10 милиони долари за ноќ. Разочаран од државата, Ала – кој зборува англиски, арапски и германски – сака да си ја проба среќата повторно да се пресели во Германија.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *