Нова ера на фудбалот: Сега судиите ќе делат СИНИ картони и 10 минутна суспензија?
Фудбалските фанови, менаџерите на Премиер лигата и поранешните играчи се бесни поради одлуката на креаторите на спортот да воведат „син картон“ и 10 минутна суспензија, а некои велат дека играта е завршена.
Легендата на Арсенал, Пол Мерсон ја критикуваше идејата како „губење време“ велејќи дека тоа ќе ја убие играта и ќе го создаде „најдосадниот фудбал досега“.
Тренерот на Тотенхем, Анже Постекоглу , Шон Дајче од Евертон и Рој Хоџсон од Кристал Палас се меѓу менаџерите во Премиер лигата кои претходно го изразија своето противење на „сините картони“. Додека фановите се префрлија на X, порано Твитер, за да го изразат својот гнев, обвинувајќи ги „богатите“ дека ја „украле нашата убава игра“ и останале збунети од бесмислениот потег.
Тоа ќе додаде дополнителна иритација на навивачите и некои менаџери кои веќе се вознемирени од употребата на ВАР, при што шефот на Премиер лигата, Тони Сколс, вчера призна дека технологијата сè уште треба да се поправи пет години откако беше првпат воведена.
За што ќе се употребуваат сините картони?
Покрај жолтите и црвените картони кои се употребуваат во фудбалот од Светското првенство во 1970 година за да се санкционираат играчите, во иднина судиите ќе покажуваат и сини картони. Синиот картон би значел дека фудбалерот кој го добил ќе мора да оди надвор од игра на десет минути.
Картонот би можел да се добие за груб старт или расправија со судиите на теренот. Се уште не постои јасно ограничување кога арбитрите ќе треба да изберет некој од трите наведени картони, меѓутоа праксата веројатно е единственото мерило кое тоа може да го покаже. Два сини картони или комбинација од жолт и син картон, автоматски ќе значи исклучување, односно црвен картон.
Се очекува првите експериментални натпревари да бидат во некоја од пониските професионални лиги, бидејќи елитниот фудбал на почеток ќе биде исклучен од пробниот период.
Можно е синиот картон да биде употребуван и во англискиот ФА Куп веќе од следната сезона, но не на сите натпревари.
ФИФА ги коментираше извештаите за воведувањето на синиот картон
ФИФА објави каков став ќе заземе во однос на воведувањето на синиот картон на состанокот на ИФАБ, Меѓународниот одбор на фудбалска асоцијација, кој се занимава со правилата на игра.
„ФИФА би сакала јасно да стави до знаење дека извештаите за таканаречениот син картон на врвните фудбалски нивоа се неточни и предвремени. Секое такво тестирање, доколку се спроведе, треба да биде ограничено на одговорно тестирање на пониски нивоа. ФИФА ќе се придржува до овој став кога ќе разговара за ова прашање на годишното генерално собрание на ИФАБ на 2 март“, се вели во соопштението на организацијата.
Hello there, I found your web site via Google while searching for a related topic, your site came up, it looks great. I’ve bookmarked it in my google bookmarks.
Коментирај анонимно