„Престанав да излегувам, но мажите не можат да престанат да ме молат да се омажам за нив и да им ја одземам невиноста – а ако не заработуваат 206.000 годишно не сакам ни да ми се обраќаат“
Клои Амур, од Лас Вегас има еден проблем. Иако во моментов не ѝ треба дечко во животот таа сепак го привлекува нивното внимание. А пустата никогаш нема да се забавува со маж кој заработува од 206.000 долари годишно, а сега ѝ се пуштаат и такви…


Таа си ја отвори душата и тешкотијата со која живее, мажите просто ја молат да им даде шанса и ја опсипуваат со подароци вредни илјадници долари.
„Добивам многу подароци од мажи. Како цвеќиња, балони и бонбони. Но, исто така, ме опсипуваа со чевли, долна облека и убав накит. Минатата година добив Версаче ѓердан и нараквица, пончо Бурбери, велур YSL чанта, неколку блузи од Saks Fifth Ave и дваесетина рози. А најдобро што би можела да добијам би била тапија за куќа“.


Но, чекајте малце, додека некои мажи одат по материјалниот пат, други се обидуваат да ја придобијат Клои со своите зборови наместо тоа.
„Добивам тони мејлови од мажи кои велат дека сакаат да се омажат за мене или сакаат да им ја земам невиноста. Добивам пораки од момци, потенцијални додворувачи, а понекогаш и од нивните девојки„.
Но, овие додворувачи веројатно губат време и пари бидејќи, бидејќи Клои е среќна што е сингл.
„Уживам да сум сингл. Последен пат кога отидов на состанок беше во јули минатата година. Имав врска со два различни момци во исто време и двете врски завршија ужасно. После тоа, решив да се фокусирам само на себе“.


Можеби Клои моментално не е во потрага по дечко, но сепак има строга листа за со каков човек би излегла.
Освен гореспоменатата банкарска сметка, идеалниот маж би бил „отворен и љубезен“.
„Најмногу сакам добар слушател и комуникатор. Некој кој прави да се чувствувам посакувано и да се чувствувам безбедно. Некој кој може да ги прифати своите грешки и да признае кога греши. Ако сум пребирлива за изгледот, тогаш ми се допаѓаат момците кои имаат темни црти и кафена коса. Треба да бидат избричени и нивната коса не може да биде подолга од мојата. Ми се допаѓа маж кој вежба, но не премногу мускулест или гломазен. Можеби ако се појави мојот маж од соништата, би размислила повторно да излегувам, но засега сум задоволна што сум сингл“.

Коментирај анонимно