„Измамник изнуди од мене 63.000 долари откако бевме 4 месеци во „врска“. Се запознавме на „Фејсбук“, но навистина мислев дека е искрен“

Една ожалостена британска вдовица вели дека била измамена за 63.000 долари од животната заштеда од „измамник“ кој ја завел преку „Фејсбук“.

Лин, била измамена да му испрати готовина на измамник наречен „Дерек“ за болнички и хотелски сметки – за потоа да ја искешира пензијата и да нема веќе пари.

„Воопшто не знаев дека е измамник“, изјави Лин. „Ми ѕвонеше еднаш, можеби двапати неделно по телефон. Звучеше многу искрено“.

 

 

Лин рече дека го запознала Дерек на „Фејсбук“ група за ужалени вдовци во 2020 година.

Дерек рекол дека неодамна се преселил од Манчестер, Англија, во Дубаи, каде што поседувал компанија за минерали.

„Разговаравме и имавме многу заеднички теми“, се сеќава Лин. „Тој беше вдовец, па си помислив: „Ох, имаме нешто заедничко. Болката што ја чувствувам, ја чувствува и тој. И тоа само продолжи“.
Четири месеци по врската, Дерек се жалел дека му требаат пари за да ги покрие трошоците за повредите што ги претрпел неговиот персонал во Дубаи. Лин решила да му помогне откако тој се согласил да и врати „со камата“.

 

 

Таа, исто така, била убедена да ја плати неговата хотелска сметка и да отвори сметки за криптовалути за да може да испрати повеќе пари до него и неговите „деловни соработници“.

Во меѓувреме, Дерек отишол до тој степен што правел и уредувал слики од интернет за да ја измами Лин да мисли дека се пар- иако никогаш не се запознале лично.

Лин не сакала да му каже на семејството што се случува.
Лин дознала дека врската била лажна кога полицајци од Чешир, Англија, ја посетиле во јануари 2021 година.

„Мислев, јас сум само нормална жена во нормален секојдневен живот. Нема да ми се случи мене, но за жал, се случува, секому му се случува“, предупреди Лин.

„Овие романтични измамници бараат ранливи луѓе, затоа внимавајте што споделувате на „Фејсбук“, што им кажувате на луѓето. Чувајте ги картите блиску до градите“, додаде таа.

Добрата вест е дека Лин успеала да си ги врати парите што биле одземени по полициска истрага – и оттогаш пронашла нов љубовен партнер. Го запознала и преку интернет и наскоро планира да оди на одмор со него.
Таа ги предупредува другите да не се заплеткуваат во слични онлајн измами доколку се желни за романса.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *