„Направив тетоважа од п*рно сајт на лицето- сега цело мое семејство ме гледа како да сум убил човек“

Поранешен водоинсталатер, кој глумел во документарниот филм  „My Massive C**k“ предизвика голема вознемиреност кај неговото семејство – со тоа што истетовира „ OnlyFans “ на неговото лице.

 

 

Енди Ли, Даблинец кој живее во Стивенејџ, порано не можел да си дозволи да јаде , а сега заработува илјадници секој месец.

Зборувајќи во едно интервју, тој изјави: „Ах Исусе, моето семејство полуде! Сестра ми ми се налути како да сум убил некого“.
Енди (35) ја завршил тетоважата во последните денови и потоа беше преплавен со негативни коментари на „Инстаграм“ каде има 136.000 следбеници. Но, бранејќи ја својата тетоважа, тој рече: „OnlyFans“ искрено ми го промени животот. Бев сиромашен и не можев да купам храна и работи, но сега го живеам најдобриот живот што можам да го живеам“.

Ирецот зборуваше во претходното интервју за тоа како верува дека ќе добие поголема почит во неговиот роден град поради тоа што не продава дрога, туку создава содржини за возрасни и тоа не е толку лошо.

 

 

И на почетокот на оваа година тој предизвика дебата со тоа што покани човек наречен Стив на неговиот подкаст кој зборуваше лошо за сексуалните работници. Лицето на Стив беше заматено за време на разговорот, каде што тој рече: „Она што би ти рекол е дека има банки за храна, другар. Ако не можете да си дозволите да јадете, можете да отидете во банка за храна и да си набавите храна сега, а не да се соблекувате голи“.

 

Несогласувајќи се, Енди праша зошто треба да одат во народни кујни ако можат да заработат пари на „OnlyFans“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *