Ако се чудите како да се зближите со вашата мајка еве предлог: „Имам 56 години и често нѐ мешаат за близначки со мојата 23-годишна ќерка – тоа е затоа што заедно се капеме“

Кетрин Вигорито (56) и нејзината ќерка Габриела (23) тврдат дека луѓето често ги мешаат со близначки, а мајката верува дека нејзиниот младешки изглед се должи на нивното неделно капење со целер. Значи тоа е тајната ако сакате да се зближите со мајка ви и воедно да бидете млади.

 

Кетрин Вигорито и нејзината ќерка Габриела се неразделни. Дуото мајка и ќерка се облекуваат исто, ги координирале работните распореди за да можат да ја поминат речиси секоја будна секунда една со друга, па дури и да се капат заедно.

И покрај нивната разлика во возраста од 33 години, тие тврдат дека со нивниот идентичен изглед луѓето се убедени дека мора да се сестри.

 

Но Кетрин верува дека нејзиниот младешки изглед не се должи само на нејзината облека или генетика. Таа го припишува необичниот режим на убавина што го делат таа и нејзината ќерка. А тоа е два пати неделно капење во ЦЕЛЕР.

„Двапати неделно, заедно се капеме со целер. Тоа го ослободува целиот стрес – убаво е за нашата кожа. Сокот од целер го лекува телото, но кога се капеме во него, го носи на ново ниво“, продолжи таа. Габриела се согласи, додавајќи: „Кога се капеме ние сме едно и можеме да размислуваме како едно“.

 

Но, чекајте тоа не е се! Во епизода на едно реалити шоу мајката и ќерката се капеа во сок од целер. А потоа на видеото тие земаа стапчиња целер ги потопија во сокот од целер во кој се капеа и вкусно си ги изедоа.

„Целерот има толку добар вкус откако ќе го потопите“, рече Габриела. Кетрин додаде: „Тоа е како да ја вкусуваме нашата суштина“

Габриела рече дека таа и нејзината мајка се како „најдобри пријателки“ бидејќи откри дека Кетрин не може да издржи да биде далеку од неа повеќе од неколку часа.

„Отсекогаш сум живеела дома, никогаш не сум отишла на факултет, секогаш сум била тука со мајка ми“, рече Габриела.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *