Човек е убиен од лав откако влегол во неговиот простор и се обидел да направи селфи со него
Човек беше убиен од лав во зоолошка градина во Индија, откако се искачил преку 25 метри висока ограда за да направи селфи со него.

Во четвртокот 38-годишниот Прахлад Гуџар од Алвар во Раџастан, влегол во нејавна област на зоолошкиот парк Шри Венкатесвара во Андра Прадеш, го игнорирал предупредувањето да се оддалечи од лавот и скокнал во заградениот простор.
Пред чуварот да има време да реагира, лавот Донгалпур го убил човекот. Истражните органи во моментов вршат истрага и испитуваат дали Гујар бил пијан кога ја прескокнал оградата висока 25 метри.

Гујар бил сам во зоолошката градина, а полицијата работи на контакт со неговото семејство.
Зоолошката градина има три лава вклучувајќи го и Донгалпур; другите се викаат Кумар и Сундари. Донгалпур е преместен во кафез и е задржан под опсервација по смртоносниот напад.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно