Спиеш ли мирно Илон Маск? Иноватор од Камбоџа рециклира пластични шишиња и од нив прави метли
Во еден мал магацин во Пном Пен, главниот град на Камбоџа, група работници ги трансформираат отпадните пластични шишиња во ленти, кои стануваат влакна за метла. Тие произведуваат 500 метли дневно.
Во текот на изминатите 11 месеци, тие рециклирале околу 40 тони фрлени пластични шишиња, околу 5.000 шишиња дневно, трансформирајќи ги во метли, за кои велат дека се поиздржливи од обичните.
Метлите се продаваат по цена од 10.000 рили (140 денари).
Пластичните ленти од празните шишиња се врзуваат заедно со машина, потоа се омекнуваат во топла вода и се сечат рамномерно. Се врзуваат со метална жица на бамбусов стап и метлата е готова.
Камбоџанскиот претприемач Кас Кеа (41) сака да го намали загадувањето со пластика во неговиот 2 милионски роден град, кој фрла неверојатни 38.000 тони секаков вид отпад дневно.
Околу една петтина од ова е пластика за еднократна употреба која завршува на депониите и во водите.





Коментирај анонимно