Шпанските серии можат вода да им носат: „Мојот 49-годишен татко ја забремени мојата 23-годишна најдобра другарка – таа е само мрзлива спонзоруша“

Претежно е прифатливо некој од семејството на вашата најдобра другарка да ви биде симпатија. Можеби брат ѝ?

Но кога станува збор за таткото и кога тоа завршува со бременост во рок од пет месеци од средбата со него е местото каде што повеќето другарки би ја повлекле границата.

„Јас и Џина станавме пријателки. Следно што знам, таа и татко ми Дејвид почнуваат скришно да се гледаат. Таа има 23, тој 49. Потоа глупавата кучка останува бремена од татко ми“. – напиша таа.

 

 

Вилкокс, од Флорида, ги сподели деталите за вознемирувачкото искушение на „Др. Фил“. На што Др.Фил се согласи дека е навистина морничава целата ситуација.

Вилкокс ја смета поранешната пријателка Џина за „мрзелива“ и „гладна за пари“ затоа што спие со нејзиниот татко – од кој добива луксузни подароци и егзотични патувања за време на нивното сега двегодишно гледање.

„Ако сакал помлади девојки, би можел да има други девојки кои… не знам“, рече Вилкокс, додавајќи дека нејзиното срце се скршило кога дознала нејзиниот татко Дејвид и Џина од странец. „Не го разбирам тоа“.

Меѓутоа, во одбрана на нејзината романса со Дејвид од мај-декември, Џина инсистираше на тоа дека нивната љубовна врска не е грижа на никој друг.

„Вилкокс ги прави овие претпоставки дека го користам нејзиниот татко за пари и тоа навистина ме налути. Неговите пари не се зошто сакам да бидам со него. Нашиот однос е здрав, забавен е… Во процес сум да се преселувам со Дејвид. Имаме заедничко дете – така што очигледно е нешто многу сериозно“. – рече Џина.

 

„Добив толку многу пораки со омраза. Луѓето ме нарекуваа курва гладна за пари, велејќи: „Како можеш да спиеш со таткото на другарка ти?“ и нарекувајќи го нашето дете со навистина одвратни имиња“.

Но очигледно Вилкокс кога дознала за ова ги истепала – буквално.

„Вилкокс кога дозна дојде бесна во домот на Дејвид. Се гледаше дека е надувана и одеднаш ми удри една“ – рече Џина.

Дејвид, кој признава дека има апетит за жени на половина негова возраст, призна дека свесно ја натерал ќерката да се чувствува непријатно со тоа што се пуштал на нејзините другарки – вклучително и девојчиња од нејзиниот софтбол тим од детството.

„Се согласувам дека треба да има граница за да не излегува со нејзините пријателки. Но, исто така сакам да продолжам да го живеам мојот живот романтично со некој со кој сум“.

Браво за тебе Дејвид.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *