Американската балерина Ксенија Карелина е приведена за „велепредавство“ во Русија- обвинета за праќање пари на украинската армија

Тајната Федерална служба за безбедност на Владимир Путин уапси руско-американска балерина под обвинение за предавство, потврдија официјални лица во вторникот. На видеата објавени од руска новинска агенција се гледа како 32-годишната Ксенија Карелина е воведена во судница со лисици и со врзани очи. Не е јасно кога е снимено видеото.

Карелина е жителка на Лос Анџелес, која станала државјанка на САД во 2021 година. Нејзините социјалните мрежи се преполни со фотографии од нејзиниот убав живот во САД.
Таа беше уапсена на истиот ден во јануари кога Путин седна да говори на интервјуто со Такер Карлсон. Приведувањето се случило пред кино во Екатеринбург. Првичните пријави се однесуваат на прекршоци за пцуење и навреди.

 

 

 

Екатеринбург, најголемиот град во регионот на Урал, е и местото каде што беше уапсен новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович под обвинение за шпионирање пред речиси 12 месеци. По нејзиното првично апсење, Карелина тогаш беше обвинета за собирање средства за украинска воена кауза. Таа е конкретно обвинета дека префрлила 51,80 долари од американска банкарска сметка на украинската добротворна организација „Разом“.

 

Обвиненијата за предавство може да носат казни до 20 години затвор. Од 2023 година, 63 лица се обвинети за предавство во Русија, 37 беа прогласени за виновни.

Стејт департментот во моментов има совет „Не патувај“ во Русија, особено поради ризикот од „погрешни притворања“. На својата „Фејсбук“ страница, Карелина вели дека е од Екатеринбург и дека студирала балет во училиштето „СП Дијагилев“. Танчерката е обвинета дека „проактивно собирала средства од февруари 2022 година во интерес на една украинска организација, кои потоа биле користени за купување тактичка медицина, опрема, оружје и муниција за вооружените сили на Украина“, тврди ФСБ.

 

 

 

Карелина дипломирала на Федералниот универзитет Урал во 2013 година. Бројни објави на нејзината „Фејсбук“ страница ја покажуваат во Балтимор, Мериленд, почнувајќи од 2014 година. „Медиазона“ објави дека Карелина прво била уапсена под обвинение за „ситен хулиганизам“, поради пцовки. Додека беше веќе во притвор, тие обвиненија беа надградени на „велепредавство“.

 

 

Весникот продолжува да известува дека Карелина престанала да објавува на руската социјална мрежа „ВК“ на 3 ноември 2021 година, откако објавила серија фотографии на кои се гледа како таа добива државјанство. На тој профил Карелина изјавила дека студирала на Универзитетот во Мериленд во Балтимор.

„Разом“, украинската добротворна организација со седиште во Њујорк, која таа е обвинета дека ја поддржува, се опишува себеси како „придонес за воспоставување на безбедна, просперитетна и демократска Украина“.

 

 

На својата страница на „LinkedIn“, Карелина вели дека работи како менаџер во „Сиел Спа“ Беверли Хилс од 2019 година.
Карелина е најновата Американка зад решетки во Русија, покрај Гершкович, поранешниот американски маринец Пол Вилан и таткото од Тексас Дејвид Барнс (65), кој минатата недела беше осуден на 21 година затвор во Москва под обвинение за злоупотреба на деца.

 

 

Истиот ден кога беше објавено апсењето на Карелина, Гершкович се појави пред судот во Москва каде што му беше продолжен притворот.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *