10 пара животни кои скоро секогаш ги мешаме едни со други
Животинското кралство обезбедува толкава разновидност што е речиси невозможно да се следат сите различни видови во светот.
Понекогаш, разликата помеѓу блиски роднини е премногу тешко дури и да се забележи. Но, различните видови честопати се развиваат на слични начини заради нивната околина.
1. Јагуар и леопард
И покрај нивните сличности, овие големи мачки живеат на различни континенти и климатски зони: леопарди живеат во африкански савани, додека јагуарите живеат во тропските шуми во Јужна Америка. Јагуарите се исто така поголеми и масовни, и за разлика од леопардите и многу други мачки, тие се љубители на вода.
2. Алигатор и крокодил
Можете лесно да ги идентификувате овие 2 според формата на нивните муцки: крокодилите имаат истакнати, издолжени лица со облик на V, додека алигаторите имаат пократки, пошироки во форма на U.
3. Оса и стршлен
Стршлените се поголеми и имаат портокалова и повеќе црна боја, додека осите се помали и имаат жолта боја со црни линии.
4. Фока и морски лав
Фоките се покриени со крзно и имаат мали предни перки кои ги спречуваат да одат, принудувајќи ги да се лизгаат на нивните стомаци. Морските лавови имаат мазна кожа и огромни перки кои ги користат да се движат.
5. Гавран и врана
Гавраните се највисоките и најмодерните благодарение на нивната „брада“ од пердуви на грлото. Враните се поситни.
6. Магаре и мазга
Магарето си е чистокрвно, а мазгата е хибрид и во лицето наликува на коњ.
7. Молец и пеперутка
Молците имаат крилја како шатори, додека пеперутките и мрдаат крилјата вертикално. Молците најчето се одмараат со отворени крилја додека пепеутките со затворени.
8. Ласица и белка
Овие 2 животни се блиски роднини. Белките се подолги и имаат долги опашки со нејасни црни врвови, додека опашките на ласиците се кратки и со иста боја како и телото.
9. Орел и јастреб и сокол
Орлите се гигантски, моќни птици кои претпочитаат да живеат на отворени простори како карпи и планини. Јастребите се малку помали и подвижни во воздухот, способни за маневрирање во повеќе затворени области. Соколите се најмали и најбрзи имаат поголеми очи и пократки клунови.
10. Глувче и стаорец
Овие глодари можат лесно да се разликуваат со 3 работи: нивната големина, опашка и ушите. Глувците се деминутивни, дури и во споредба со младите стаорци; имаат тенки долги опашки покриени со крзно додека опашките од стаорци се дебели и без влакна. Глувците имаат уши кои се поголеми во однос на нивните тела.