22-годишен Плејбој модел го критикува Леонардо ди Каприо дека е „премногу чуден и стар“ откако се бакнувала со него и тврди дека актерот има бизарни преференции во кревет

22-годишната Хике Конингс тврди дека се бакнувала со холивудската ѕвезда (49) во ноќен клуб, но го критикува како „премногу чуден и премногу стар“.

 

Појавувајќи се на насловната страница на холандското издание на Плејбој, таа се присети на ноќта кога го запознала Леонардо ди Каприо.

Хике рече: „Беше во таен клуб во Лос Анџелес, во кој се влегува само со покана. Го видов како седи таму и се погледнавме“.

Таа објасни како менаџерот на Лео ја довел до масата на ѕвездата, велејќи: „Лео сака да разговара со тебе“.

Една работа водела до друга и на крајот тие се бакнувале, но Хике го опиша бакнежот како просечен, велејќи: „Беше во ред, но дефинитивно не најдоброто што сум го имала“.

Таа потоа била поканета да си оди дома со него, но таа го одбила.

 

Хике рече: „Тој реагираше многу шокирано. Се разбира, тој не беше навикнат на тоа. Кога реков дека не го познавам доволно, тој ми одговори слатко. Го почитувам тоа“.

Но, таа додаде: „Потоа тој се сврте кон друга девојка и ја однесе дома“.

Хике рече дека иако не спиела со Лео, имала неколку другарки кои ја поминале ноќта со него и тврделе дека тој има некои сомнителни преференции во спалната соба.

Таа рече: „Една пријателка рече дека носел слушалки за време на секс затоа што не сакал да ја слуша. А друга рече дека дури ѝ ставил перница на главата. Лео е премногу чуден и премногу стар“.

Додека пак Лео инсистира дека никогаш не ја запознал оваа дама.

 

  • Васе напиша:

    Која бламажа! Ја читав нејзината приказна на друг сајт! Спонзоруша! Вика, кога влегов во клубот, нашите очи се сретнаа и… Лео, нормално (!) го пратил горилото да ја викне да седне со него! Отишла и на 1 состанок (!) веднаш се залапале! Па, не и се допаднало??? Одбила да спие со него (што е нормално). Но, му љубомори што отишол со друга девојка!!! Па измислува приказни! Во сексот се е дозволено, ако тоа не му пречи на партнерот!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *