Добредојдовте во 21 век: Полицијата пронаоѓа исчезнато 5-годишно дете во густа шума со термална камера

Во Флорида, полицајците со помош на термални камери во хеликоптер успеаја да лоцираат и спасат исчезнато 5-годишно девојче со аутизам од мочуриштата на Тампа.

Благодарение на технологијата за термичка слика, полицајците на теренот успеале да го лоцираат девојчето за еден час и безбедно да го извадат од мочуриштето. За среќа, таа беше целосно неповредена, што е олеснување со оглед на тоа што областа е преполна со опасни животни како алигатори и питони.

Ви ја прикажуваме паралелно и снимката од обичната камера на којашто ништо не се гледа, за разлика од термалната камера.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *