Моментот кога Марк Цукерберг и жена му се воодушевени од часовникот на синот на најбогатиот човек во Азија. Дали знаете колку чини?
Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан беа видени како се восхитуваат на часовникот на Анант Амбани вреден 1 милион долари за време на раскошната забава на која настапуваше Ријана.
Таткото на Анант Амбани, Мукеш Амбани, е најбогат човек во цела Азија па нормално дека тој ќе може да си дозволи што и да посака.

Двојката беше воодушевена поради луксузниот часовник Ричард Мил што го носеше индискиот милијардер Амбани (28) на неговите предсвадбени прослави – кои чинеа 140 милиони долари.
Во меѓувреме, само неколку метри подалеку, некои од најсиромашните луѓе на земјата работат по 17 часа дневно за да заработат дури 5 долари по смена.
„Знаете дека никогаш навистина не сум сакал часовник, но откако го видов овој си помислив „часовниците се кул“, рече извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг во видеото.
Овој часовник е фантастичен“, му рече Присила, жената на Марк, на Амбани додека таа се наведнува за да погледне одблизу.
„Знам, тоа веќе му го кажав“, рече Цукерберг, пред неговата сопруга да додаде дека парчето е „толку кул“.
Часовникот е еден од неколкуте што ги поседува Амбани на ексклузивниот производител на часовници Ричард Мил и се верува дека е RMS-10 Tourbillon Koi Fish и има розово злато од 18 карати и дијаманти со рамка.


Pastrmkive od kaj se? Od ohrid da ne set sto se olku skpi 🤣
Коментирај анонимно