„Мојата поќерка од полудена тинејџерка се претвори во најслатаката девојка откако ги спаси мојот и животот на моето бебе. Не знам како да ѝ се заблагодарам“

„Пред неколку недели бев во 36-тата недела од бременоста. Мојот сопруг замина во 8 часот наутро и ги одведе нашите две помали деца во куќата на неговите родители, а мојата поќерка веќе замина на училиште за тој ден.

Бев сама дома кога одеднаш почнав да добивам контракции, ја чистев детската бања и почувствував голем притисок да одам во тоалет и кога погледнав надолу, стапалата на моето бебе ѕиркаа, успеав да се префрлам на подот и потоа сфатив дека крвавам, не можев да се движам, морав буквално да врескам за помош надевајќи се дека соседот или случаен минувач ќе забележат.

 

Не знам колку долго бев на подот, но ми се чинеше како часови, но по некое време слушнав како се отвора влезната врата, а потоа се затвора и извикав, поќерка ми истрча горе за да ме најде на подот во бањата, таа отиде да земе крпи и да се јави на 911. Знаев дека всушност е преплашена и ја држев за рака за јас да ја уверам дека се ќе биде добро. Операторот по телефон ѝ рекол дека мора таа да ми помогне во породувањето додека брзата помош не стигне таму.

Следеше сè што ѝ кажуваше операторот и така јас се породив, кога моето бебе излезе од мене тоа не дишеше, па таа прилично ја раскина бањата барајќи аспиратор за носот. Таа успеа да ми помогне и бебето почна да дише и тогаш брзата помош пристигна.

Подоцна, кога мојот сопруг пристигна во болницата, лекарот ни кажа дека ако мојата поќерна не дошла дома кога дојде, и јас и бебето ќе умревме.

Дури и откако јас и моето бебе можевме да се вратиме дома, мојот сопруг сè уште не беше во можност да одвои време, па мојата поќерка се нафати да ги откаже сите планови со нејзините пријатели и да се грижи за децата додека јас одмарав, зготви вечера и ја исчисти и куќата.

Таа буквално беше мојата карпа периодов искрено овие 3 недели ја запознав повеќе отколку во 11-те години колку што бев нејзина маќеа.

Синоќа му спомнав на мојот сопруг дека чувствувам дека ѝ треба подарок или нешто за да ѝ покажеме благодарност за она што го направи. Сепак, ниту еден од нас не може да смисли ништо.. некакви идеи?“

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *