„Стујардеса ми рече дека облеката ми била „несоодветна“ за во авион, која е таа да суди?“

Манекенката Равена Ханили се отвори за нејзините тешкотии со кои мора да се соочува односно за нејзиното „срамно“ искуство со летот оваа недела.

Русокосата девојка од Бразил на 10 март се качувала на лет од Лондон, Англија за дома, кога една од стјуардесите на авиокомпанијата ја замолила да „се пресоблече“ доколку сака да се качи во авионот. 23-годишната девојка вели дека стјуардесата инсистирала на тоа дека не може да го продолжи летот во облеката што ја облекла бидејќи е „несоодветна“.

 

 

А Равена носела само минујатурни розови шорцеви и кратка маичка и што? Само ѝ биле голи нозете, рацете, стомакот, рамената… Мислам хелоуу?! Плус таа си била супер нашминката и косата средена, навистина каде тука има проблем?

 

И за жал на целиот тој стресс Равена не можела да се пресоблече бидејќи целата облека ѝ била во веќе чекираниот круфер.

„Прашав, што предлагаш? Таа рече дека не може да патувам во спортска облека и ме остави да зборувам сама со себе. Ѝ реков дека навистина сум зачудена бидејќи никогаш не ми се случило ова. Но и покрај тој срам, јас сепак си се качив во авионот и заминав за Бразил“.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *