ТЕСТ: Начинот на кој ги гледате овие патики во оваа оптичка илузија открива неверојатна вистина за вашиот мозок

Слика од пар патики ги зашемети корисниците на социјалните мрежи, бидејќи илјадници луѓе сега дебатираат за тоа каква боја се тие.

Лори Грајнер, претприемач кој е еден од судиите на „Shark Tank“, се огласи на социјалните мрежи со тврдењето: „Ова ќе ви го разбуди умот“.

 

 

Таа праша каква боја гледаат нејзините следбеници кога ја гледаат патиката.

Оние кои гледаат дека чевлите се розови и бели имаат подоминантна десна страна од нивниот мозок. Оние кои гледаат тиркизна и сива боја имаат подоминантна лева страна на мозокот. Доминацијата на десниот дел на мозокот се карактеризира како луѓе со особини како што се поемотивни, интуитивни и креативни. Од друга страна, луѓето со „лев мозок“ се поуредени, логични и аналитички.

 

 

Мозокот работи како целина, но постои постојан мит дека едната страна е посилна од другата кај секоја личност, според „Healthline“.

Сликата првично се појави во 2019 година. Но, таа повторно се појави сега и беше прегледана повеќе од седум милиони пати за нешто повеќе од една недела.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *