12 чудни работи што ултра богатите луѓе може да ги направат „без око да им трепне“

Животите на богатите луѓе несомнено се разликуваат од оние на другите. Многу работи што се секојдневна грижа за другите обични смртници, како комуналните услуги и 9-5 работни места, веројатно се туѓ концепт за богатите. Нормално, нивниот социјален статус и финансиската положба можат да влијаат и на нивното однесување. Па, така денес имаме неколку приказни за „богатите луѓе“ кои обичните смртници ги споделиле со јавноста.

 

1. „Моите пријатели купија куќа во Палм Спрингс, но реновирањето траеше предолго, па тие само купија втора куќа во Беверли Хилс за да живеат за време на реновирањето. Ги задржаа и двете“

 

2. „Работев со скратено работно време во стриптиз клуб и имавме многу богата клиентела. Некои од нив доаѓаа постојано и ние дознаваме многу за нив, тие дознаваат многу за нас. Па, така кога еден од нашите момци од обезбедување почина од ненадеен срцев удар, еден од клиентите се јавил во погребалното претпријатие и платил за се“

 

3. „Си има купено стан во центарот на градот за да има каде да се дружи со пријателките откако ќе завршат со шопинг. Станот е купен само за таа цел“

 

4. „Татко ми знае милијардер кој има налик француски замок во САД. Тој се однесувал како да е обична куќа. Моите родители беа таму неколку пати и рекоа дека тоа е луд имот со огромно езеро и еден куп голф терени“

 

5. „Одбра да ја купи поштата во неговото маало, затоа што требаше да ја затворат претходно, но тој едноставно не сакаше да мора да вози со автомобил до другото маало“

 

6. „Работев во златара. Еднаш еден милијардер дојде и побара да го купи најефтиниот часовник, којшто тогаш чинеше 800 долари. Ми рече дека ќе оди на одмор на Бали и не сака таму да се грижи за часовникот. Рече дека ќе го фрли после одморот“

 

7. „Еднаш видов како Џеф Безос плати 100.000 долари за да тргнат еден човек од аукција“

 

8. „Беше под стрес затоа што гледаше потресен документарец и си резервира одмор на тропска дестинација за да се опушти“

 

9. „Мојата тетка милионерка не можеше да сфати како мојата самохрана мајка не можеше да си дозволи да плаќа 3000 долари кирија“

 

10. „На госпоѓата не и се допаѓаше обликот на базенот. Реков дека може да го преправиме и тогаш ќе има гаранција од само 5 години. Таа рече дека тоа е во ред, ќе биле во оваа куќа само три години“

 

11. „Купува органска банана која чини 10 долари парче“

 

12. „Господинот ми плати за да му дозволам да пие по затворањето на барот, додека го чека својот личен возач“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *