Американка направила бразилско подигнување на задникот и сега се кае за својата одлука, ама нема проблем да се слика провокативно

25-годишната Ава Луиз од Њу Џерси, САД, направила бразилско подигнување на задникот на барање на нејзиното поранешно момче, со кое се надевала дека ќе се смират. Луиз се надевала дека операцијата ѝ помогне да се ослободи од несигурностите за сопствената привлечност.

 

Во 2021 година, таа потрошила 15 илјади долари на постапката, но резултатот бил обесхрабрувачки и одлуката била погрешна.

Таа се здебелила и почнала да има проблеми со седиштата во транспортот, во кои повеќе не можела да се смести. Така во авион се соочила со непријатна ситуација: девојката била заглавена на седиште и не можела да стане по слетувањето.

„Морав да побарам помош од тој што седеше до мене. Мислев дека ќе треба да ја повикаат противпожарната служба да го отсечат столот, едноставно беше страшно“, рече Луиз.

 

Покрај тоа, девојката имала проблем со облеката: фармерките со вообичаената големина повеќе не ѝ одговараат на фигурата, морала да нарача големина XL за да ѝ се вклопат колковите и задникот во нив, ама пак тие големини ѝ се големи околу струкот. Хеланките се единственото парче облека што таа може да го носи без проблеми.

Покрај тоа, тесните хеланки привлекуваат несакано внимание од непознати, кои не забележуваат ништо на неа освен нејзиниот истакнат задник. Луиз повеќе не се чувствува безбедно да излегува. Згора на тоа, таа повеќе не се смета за убава бидејќи луѓето повеќе не ѝ даваат комплименти. Според неа, таа сфатила дека операцијата не ѝ ги решила проблемите, туку ги влошила. Но гледаме дека не ѝ е проблем да се слика провокативно.

 

Бразилското подигање на задникот е процедура која вклучува поместување и инјектирање на масно ткиво. Пациентот е подложен на операција на липосукција, каде што се отстрануваат масните наслаги од стомакот и бутовите, а потоа отстранетата маснотија се вградува во задникот. Згора на тоа овој тип на пластична хирургија има најголем ризик од компликации и стапка на смртност.

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *