Што прави статуа од Александар Македонски од 3 век п.н.е на сред новиот аеродром во Истанбул?

Статуата на Александар Македонски од 3 в.п.н.е, која е една од најважните статуи на Александар во Турција, е пронајдена во Маниса (Магнезија) во 1985 година. Стои на подиум веќе неколку години и отворено претставува реклама на музејот создаден во делот за меѓународни терминали на новиот аеродром во Истанбул. Служи како реклама меѓу меѓународните патници со дисплеј на кој пишува „Имаме многу од овие“.

 

Статуата, датира од 3 век п.н.е. и се смета дека е една од копиите на познатата статуа на Александар од своето време. Се смета дека статуата во левата рака држела бронзено копје, кое повеќе го нема. Лицето на статуата на Александар Македонски, чиј воен лик е нагласен со копјето и мечот во раката, е прикажано со израз кој гледа кон далечината.

 

 

Извор: „Фејсбук“ страната на „Macedonian Coalition“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *