Црквата скриена под турското езеро 1.600 години се „појави“ на површината „благодарение“ на пандемијата

Античка подводна црква која е потопена под турско езеро повеќе од 1.600 години е конечно видлива.

Со расчистување на загаденоста на водата поради заклучувањето за време на пандемијата направени се впечатливи фотографии кои покажуваат дека црквата во римски стил – позната како базилика целосно е видлива под сега совршено чистите води на езерото Изник, во северо-западниот регион на Турција.

Фотографиите се направени откако локалните власти летале дрон над таа област и ја забележале базиликата, која претходно најчесто била покриена со алги и ретко била видлива. Фасцинантно, урнатините беа откриени дури во 2014 година. Овој ран пример на христијанската архитектура, Археолошкиот институт на Америка го сметаше за едно од првите 10 откритија во годината.

Археолозите сметаат дека базиликата била изградена од брегот на околу 390 година од н.е., кога Константинопол бил наречен Цариград и се сметал за источен центар на Римската империја. Црквата била уништена од земјотрес во 740 година од н.е., а урнатините останале на дното на езерото, чекајќи да бидат повторно откриени.

Експертите веруваат дека базиликата во времето на Византија била изградена во чест на Свети Неофит, светец и маченик, кој живеел во времето на римските императори Диоклецијан и Галериј. Неофитос умрел во рацете на римските војници во 303 година од н.е., само една деценија пред да се донесе службено прогласување за да се обезбеди верска толеранција за христијаните што живеат во Римската империја.