10 нови кратки вицови за повесел викенд
Македонска инфлуенсерка оди во музеј во Париз и чуварот ѝ вели:
– Госпоѓице, не може да седите овде. Овој стол е на Луј 14-ти.
– Е добро де, кога ќе дојде ќе станам.
– – – – – – –
Само вистински Македонец може да се клади на гајба пиво дека ќе престане да пие.
– – – – – – –
– Мажу, каде ќе ме водиш на Велигден?
– Кај мајка ти…
– А на Илинден?
– На Илинден ќе те земам…
– – – – – – –
– Жено, оваа манџа вчерашната ли е?
– Да, и вчерашната и утрешната!
– – – – – – –
Најнов закон на генијалците во македонското собрание:
Околу училиштата да почнат да се продаваат цигари со натпис „Ако родителите дознаат ќе те истепаат“
– – – – – – –
– Жено, се јавив да ни го исклучат интернетот.
– Зошто?
– За да можеш да бојадисаш јајца за Велигден и да ја собереш елката.
– – – – – – –
Прошка на македонски:
– Јас му простувам, ама ќе му ја **** мајката некој ден.
– – – – – – –
Во денешно време многу е важно мажот да заработува добро, за да може неговата невработена жена да нѐ учи сите на Instagram како да живееме добро.
– – – – – – –
Во продавница за животни:
– Дајте ми 34 лебарки и 3 глувци!
– Зошто?
– Ме бркаат од станот и ми бараат да им го вратам во истата состојба во која сум го нашол!
– – – – – – –
– Кажи ми нешто, за да се почувствувам како вистинска жена!!!
– Во право си!
Коментирај анонимно