НАСА ја реши мистеријата: Што беше издолжениот објект на фотографиите од Месечината?

Американската вселенска агенција НАСА го откри идентитетот на чуден, издолжен објект снимен од Месечината минатиот месец.
Необичниот објект беше забележан од камерата на бродот LRO за време на неговото рутинско прелетување на Месечината во март. Првично беше помешан за непознат вселенски објект, но НАСА сега потврди дека станува збор за јужнокорејскиот „Korea Pathfinder Lunar Orbiter“ (KPLO).

 

 

 

KPLO беше лансиран во август 2022 година од страна на Корејскиот Воздухопловен истражувачки институт (KARI). Ова е прва официјална мисија на Јужна Кореја да постави вселенско летало во орбитата на Месечината. Минатиот месец KPLO и LRO се движеа во речиси паралелни орбити, но во спротивни насоки. Ова му овозможи на LRO да го фотографира јужнокорејското вселенско летало додека летало покрај него.

Поради големата брзина на вселенското летало и краткото време на експозиција што го користи камерата LRO, KPLO изгледаше издолжено, речиси десет пати повеќе од неговата вистинска големина.

„Тајмингот беше совршен за да се направат овие слики“, рече работната група LRO, со седиште во Центарот за вселенски летови Годард во Мериленд.
Ова не е прв пат едно од овие вселенски летала да прави слики од другото. Минатата година, KPLO успешно го фотографираше LRO користејќи „ShadowCam“ камера обезбедена од НАСА.

KPLO е дизајниран да работи една година, но како и LRO, може да влезе во продолжена фаза за време на која ќе се спушти на пониска позиција во орбитата, позиционирана на само 70 километри над површината на Месечината.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *