Три од децата на Хари Кејн биле итно пренесени во болница, по страшна сообраќајка во близина на Минхен, Германија

Три од децата на Хари Кејн биле итно пренесени во болница откако биле дел од хорор сообраќајна несреќа во Германија. Децата на капитенот на Англија, Луис, Вивиен и Ајви, патувале во комбе „Мерцедес“ кое во понеделникот попладне се судрило со „Рено“ во близина на Шафтларн во Минхен.

 

 

 

Со возило на брза помош биле пренесени на преглед во блиската болница и не се здобиле со сериозни повреди. Сопругата на Кејн, Кејт и четвртото дете, Хенри, кој е роден во август, се верува дека не биле во комбето. Се претпоставува дека инцидентот се случил во Баварија кога 30-годишниот напаѓач отпатувал во Лондон со „Баерн Минхен“ пред нивниот дуел од Лигата на шампионите против „Арсенал“.

 

 

 

„Имаше несреќа, но децата се добро и никој не беше повреден“, изјави портпаролот на Кејн за „Mail Sport“.

„Билд“ објави дека Реното го управувала 20-годишна жена, која патувала со тригодишно дете и двајца возрасни на возраст од 43 и 48 години. Во меѓувреме, зад воланот на комбето „Мерцедес“ се наоѓала 24-годишна Германка.

 

 

Поради незгодата, „Реното“ се излизгало по патот и удрило во „Ленд Ровер“, управуван од 62-годишна жена, пред да запре.

 

 

Од полицијата за „Билд“ велат дека сите осум патници во возилата се здобиле со полесни повреди поради несреќата и се пренесени во болница со амбулантно возило и хеликоптер.

До моментот кога се случила несреќата, Кејн штотуку слетал во Лондон пред првиот натпревар од четвртфиналната пресметка на „Баерн“ против „Арсенал“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *