Возач благодарен што „Тесла“ автомобилот му го спасил животот: „Автопилотот ме однесе до болница!“

Бизнисменот од Северна Каролина, МаксПол Френклин, изјави дека автопилотот „Тесла“ му го спасил животот откако му откажала инсулинската пумпа, поради што шеќерот во крвта му паднал нагло.
Инцидентот се случил на 2 април кога на Френклин му се слошило и влегол во својот „Tesla Model Y“. Тој брзо го активирал автопилотот, кој го однел во собата за итни случаи во Вирџинија.

 

 

 

„Бев изненаден од резултатите“, рече Френклин на својот профил на „Икс“, „Автомобилот стручно го заврши возењето до болницата и се паркираше сам, што ми овозможи веднаш да побарам лекарска помош“.

Френклин им се заблагодари на Елон Маск и тимот на Тесла за развојот на оваа технологија која спасува животи.

Маск одговори на приказната на Френклин изразувајќи среќа што автопилотот  помогнал во критична ситуација.

Сепак, во коментарите, корисниците на „X“ ги повикаа сопствениците на „Tesla“ да повикаат брза помош во такви случаи. Тие забележаа дека може да биде потребна медицинска помош на пат, а влошувањето на состојбата на Френклин зад воланот може да ги изложи на ризик другите учесници во сообраќајот.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *