Прекрасни фотографии од патувањата на скопјанецот Влатко Рафески
Влатко Рафески е роден во Скопје, Република Македонија, а со фотографија се занимава повеќе од 12 години, иако љубовта кон неа трае многу подолго. Неговото портфолио опфаќа многу признанија како во Македонија така и во странство, меѓу кои учество на бројни фотографски настани, светски натпревари за фотографија, добитник на повеќе значајни награди, групни изложби, вебинари и предавања, фестивали, член на жири и многу други настани. Во мај 2023 година, Влатко ја одржа својата прва самостојна изложба на фотографии со тема „Македонија низ Италија“, на која беа претставени 20 фотографии во голем формат на пејзажи од Македонија и италијанските Доломити. Авантурите на Влатко продолжуваат…
Профи!
Коментирај анонимно