10 кратки вицови за инстант подобрување на расположението
Новото истражување покажува дека луѓето веруваат во секоја глупост ако таа започнува со зборовите: „Новото истражување покажува дека…“
– – – – – – –
Sвони телефонот:
– Миличок, ни се роди син!
– О, колку сум среќен! А кој се јавува?
– – – – – – –
Македонец оди на доктор и докторот му вели:
– Цигарите што ги пушиш, бавно те убиваат!
– Е добро де, јас не БРЗАМ!
– – – – – – –
Една жена советува друга:
– Знаеш ли како да го направиш мажот и среќен и тажен во исто време?
– Не, ајде кажувај!
– Лесно е, само кажи му дека му е најголем во цела населба.
– – – – – – –
– Кои јазици ги зборувате?
– Англиски со климање и германски со мавтање.
– – – – – – –
Надвор времето е такво што излегуваш со маица, сретнуваш некој со џемпер и се прашувате: кој од вас е идиот!?
– – – – – – –
– Ајде да се сретнеме во живо!
– Имам дечко…
– Него не го земај!
– – – – – – –
– Зошто ти е отечена раката!?
– Сношти најнормално си излегував од кафаната и некој ме згазна…
– – – – – – –
– Која е разликата од женет и неженет маж?
– И женетиот ветува дека ќе помести планини за тебе… но само тивко за да не чуе жена му…
– – – – – – –
Сељак фаќа женска и оди да ја земе со автомобилот. Таа го прашува:
– Зошто колата ти мириса толку лошо?
– А ти што очекуваш? Двеста коња, маче!
Коментирај анонимно