Јадењето премногу сол е причина за повеќе од 10.000 смртни случаи дневно ширум Европа – брзата и ултра преработената храна се главните виновници
Прекумерната конзумација на сол е поврзана со 10.000 смртни случаи од срцеви заболувања дневно низ Европа, при што луѓето консумираат речиси двојно повеќе од препорачаната граница, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО).
Извештајот открива дека 52 од 53 европски земји, го надминуваат безбедното ниво на внес на сол. СЗО препорачува возрасните да консумираат не повеќе од 5 гр. сол дневно. Високиот внес на сол е примарна причина за покачен крвен притисок, водечки фактор на ризик за срцев удар и мозочен удар. Преработената и уличната храна се идентификувани како главни придонесувачи за прекумерната потрошувачка на сол. И покрај тоа што високиот крвен притисок нема никакви симптоми, тој погодува над една третина од возрасните на возраст од 30 до 79 години во Европа, а многумина не се свесни за нивната состојба.
Кардиоваскуларните болести (КВБ) сочинуваат над 42,5% од сите смртни случаи годишно во европскиот регион, со вкупно речиси 4 милиони смртни случаи секоја година. Мажите се особено погодени, со речиси 2,5 пати поголема веројатност да умрат од оваа состојба отколку жените. Извештајот повикува на итна акција за намалување на внесот на сол и подобрување на откривањето и управувањето со хипертензијата.
СЗО ги повикува нациите да спроведат задолжителни политики за намалување на внесот на сол, зголемување на јавната свест и подобрување на пристапот до проверки на крвниот притисок и лекови. Во меѓувреме, експертите ја нагласуваат важноста од намалување на солта во производството на храна за борба против високиот крвен притисок и поврзаните здравствени ризици. Владата на Обединетото Кралство веќе презеде чекори за решавање на внесот на сол, но потребни се дополнителни активности за да се заштити јавното здравје.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно