„Носам долна облека и боксерки како горна облека за да се чувствувам посигурна во моето тело“
Аби Фиџет (22) од Стафорд, Вест Мидлендс, почнала да страда од телесна дисморфија откако била малтретирана во текот на училиштето и факултетот. За да се чувствува посигурна, таа сега носи долна облека како горна облека.

Аби носи долна облека, корсети и боксерки на плажа или навечер. Нејзината телесна дисморфија започнала откако била малтретирана на училиште и на факултет. Таа носела зимски капути цела година за да го сокрие своето тело, но во ноември 2020 година, наместо тоа, реши да носи долна облека, пробувајќи ја терапијата со експозиција со различни комбинации.
Таа почнува да се чувствува подобро и сака да ја изразува својата личност преку облеката. Аби сега ги извршува секојдневните задачи облечена во боксерки и јакна и често носи долна облека кога излегува навечер.

Аби, која живее во Стафорд, Вест Мидлендс, рече: „Почнав да се изразувам преку мојата мода затоа што се чувствував како конечно да правам нешто за себе. Се чувствувам самоуверено носејќи долна облека како надворешна облека и многу сум горда на себе. Сакам да бидам креативна со модата, тоа ми ја враќа моќта“.

Аби имала тешки моменти на училиште од 2012 до 2017 година, каде што била нападната од насилници. Порано била полна со самодоверба, но лошите коментари за нејзината кожа и килограми ја натерале да сака да се сокрие. Нејзината матура на 7 јули 2017 година беше „најлошиот ден во нејзиниот живот“.
„Најмногу се борев во средно училиште. Ме малтретираа, така што приоритет ми беше да најдам некое парче облека во кое би можела да го сокријам моето тело. Носев големи зимски капути, дури и во лето. Се криев многу, што ми беше навистина срамно, но беше поподносливо отколку да носам нешто што го покажуваше моето тело“.
Кога го посетила својот лекар во летото 2017 година, немало многу помош за тоа како се чувствува за своето тело и морала да чека неколку години за терапија за разговор. На Аби не ѝ се допаднало како лекарите зборувале за нејзините грижи, велејќи дека ветиле дека „ќе ве извлечат од тој зимски капут за кратко време“.
Таа додаде: „Не можев да добија когнитивна бихејвиорална терапија (КБТ) за време на средното училиште бидејќи листата на чекање беше премногу долга. Се сеќавам дека на состанокот отидов со моето големо палто, стапнав на вагата пред докторот, слушајќи ги како коментираат. Заминав во солзи“.


Со помош од своите најблиски, Аби се вклучила во теретана во Стафорд за да го зајакне своето ментално здравје и почнала да тренира со личен тренер. Како што полека почнала да се чувствува подобро за своето тело, таа почнача да ја истражува својата страст за модата пробувајќи различни комбинации.
„Не можете да ја зголемите вашата самодоверба преку ноќ. Ми требаа години пред да се чувствувам доволно добро во себе за да почнам да го менувам мојот стил. Одењето во теретана ме натера да се чувствувам подобро и посигурна во моето тело. Порано се чувствував премногу грдо да ја напуштам мојата куќа, но постепено почнав да експериментирам со поинаков изглед“.

Коментирај анонимно