Какви видови на пари постојат? (виц)
Децата на училиште учат лекција по предметот општество. Наставничката ги прашува:
– Деца, дали можете да ми кажете какви видови пари постојат?
Еден ученик одговара:
– Метални.
Друг:
– Хартиени.
– Така е, деца.
Трет вели:
– Крипто валути.
– Браво деца, па вие сте биле многу напредни.
Зоки крева рака.
– Ајде Зоки!
– Има и зеленчукови!
– Кој ти кажа таква глупост Зоки?
– Па вчера го слушнав тато како рече дека нашата комшивка си купила Ајфон за две краставици.
Коментирај анонимно