Истражувачки новинар од САД му ја пронашол тајната куќа на „нарко бос“ од Хаити, чија „глава“ сега вреди 2 милиони долари
Истражувачкиот новинар Бенџамин Стрик вчера дошол до шокантно откритие, коешто сега е и од корист и на ФБИ. Имено, тој ја пронашол тајната куќа на познат нарко бос од Хаити, којшто бил обвинет за продажба на дрога, киднапирање, а можеби и убиства од страна на ФБИ.

Вителом Иносент е лидер на групата „Kraze Barye“, која владее на „незаконската територија“ на Хаити. Тој ја пронашол локацијата на неговата куќа, благодарение на видео на „CNN“ во кое новинари му прават интервју пред околу 1 месец. Иако Бенџамин не бил сигурен како ќе го изведе тоа, сепак се обидел и со помош на „Google Maps“ го пронашол местото.

Од неодамна Вителом е ставен на листата на „најбарани на ФБИ“ и „неговата глава“ вреди 2 милиони долари, откако киднапирал повеќе американски државјани на територијата на Хаити.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно