„Му простив на сопругот што изневеруваше и му помогнав да се опорави од тешка несреќа, но тој повторно го направи истото…“
Кога нашите најблиски луѓе не изневеруваат, тоа може да боли речиси физички. Нашата денешна хероина е жена, која може да се поврзе со ова дури двапати, затоа што повторно и повторно го доживувала гнасното однесување на нејзиниот сопруг.
Дона (35) се соочила со многу комплицирана животна ситуација која ја нарушила нејзината емоционална состојба.
„Живеев многу среќен живот и не можев ни да замислам, до неодамна, дека ќе се соочам со таква болна ситуација во мојот брак. Мојата приказна можеби звучи неверојатно, а до одреден момент одбив да верувам дека мојот сопруг, човекот за кој верував дека целосно го познавам и кому толку многу му верував, ќе ми се претвори во олицетворение на злото“.
Дона откри: „Мојот сопруг Дерек и јас сме среќни во брак повеќе од 10 години. Имаме 2 деца, голема и удобна куќа и добар семеен приход. Уживавме во нашиот заеднички среќен живот, сè додека еден ден не ми го покажа вистинското лице и ме остави во голем шок“.

„Сè започна со обично службено патување. Дерек работи многу, а многу патува поради работа, нормално е во нашето семејство најчесто да отсуствува. Овој пат не беше поинаку, тој замина на работен пат, а јас му помогнав да си ги спакува работите, го возев до аеродром и го бакнав за збогум, како и обично. Ме замоли да му се јавувам колку што можам почесто и ми рече дека многу ќе му недостигам.
Откако замина, му се јавив повеќе пати. Во нашето семејство беше нормална работа да му се јавувам околу 3-5 пати на ден, само за да дознаам дали е добро и да го прашам што прави. Овој пат решив да го направам тоа, како и секогаш, но, на мое шокирање, тој не одговори на моите повеќекратни повици“.
Веднаш, мојот мозок го претстави најлошото сценарио и почнав да се лутам. Многупати се обидов да го прашам и видов дека ги чита моите пораки, но не ми одговараше. Видов дека е онлајн и тоа и ме налути и ме смири малку, бидејќи уште имав надеж дека е добро. Замислете го мојот шок, кога неколку дена подоцна добив повик од полиција, која ме извести дека мојот сопруг доживеал сообраќајна несреќа и дека е префрлен со хеликоптер во болница.
Затоа веднаш отидов во болница и Дерек отиде на операција. Имаше скршено толку многу коски во телото. Потоа излезе од операција, но не се разбуди, а лекарите открија дека има многу мозочни удари и екстремно трауматска повреда на мозокот“.
Лекарите и рекле на Дона дека не се сигурни дали нејзиниот сопруг некогаш ќе се разбуди. Тие не можеле да гарантираат дека тој некогаш ќе се опорави целосно ако се разбуди.
„Ме обзема тотално чувство на вина, се загрижив дека Дерек можеби ми пишувал пораки кога доживеал несреќа, а јас едноставно не ги видов неговите пораки, бидејќи бев навредена од неговото молчење. Затоа, решив да го проверам неговиот телефон за да дознаам. Веднаш се појави разговор помеѓу мојот сопруг и друга жена на некој профил на социјалната мрежа, каде што тој се претставуваше под друго име. Тој навистина патуваше многу поради работа, така што имаше многу контакти од жени на неговиот телефон“.

„Покрај тоа, Дерек користел многу апликации за запознавање под ова лажно име. Дерек се разбуди по 40 дена во кома. За неговото неверство се соочив со него во болница набргу откако се разбуди. Само што му покажав слика од една од тие жени и прашав: „Која е оваа? Дерек сè уште беше многу дезориентиран, па не ми го даде вистинскиот одговор.
Но, како што одминуваше времето, тој конечно призна дека навистина ме изневерил, но рече дека му е жал и се заколна дека никогаш повеќе нема да ми го направи тоа. Со оглед на нашата тешка ситуација, решив да останам покрај мојот сопруг додека тој закрепне. Му помогнав да научи како да јаде, да научи како да оди. Го научив и како да го користи телефонот, само за повторно да почне да разговара со други жени.
Дерек посетуваше рехабилитаицја за време на викендите. Еден ден, додека го посетував, повторно го разгледав неговиот телефон, бидејќи очигледно не можев повторно да му верувам толку брзо. И открив дека тој сè уште е во комуникација со сите овие жени“.
„Мојот сопруг веќе не се ни обидуваше да го скрие тоа. Не знам дали поради тешката повреда на мозокот не знаеше да ја сокрие или едноставно не мислеше дека мора да го направи тоа. Не разбирам што треба да правам сега, бидејќи, очигледно, мозокот му е заматен, а можеби тоа го прави само поради неговата состојба. Но, се чувствувам толку навредено и не можам, а да не размислувам за развод. Што да правам?”
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно