Heineken го слави шампионскиот фудбал со финале за сите навивачи: Се гледаме на 1 јуни во Градски парк на спектакуларна фудбалска вечер!
Благодарение на Heineken, спектакуларната спортска атмосфера од лондонски „Вембли“ доаѓа во срцето на Скопје – Градскиот парк.
За сите тие што го прават фудбалот најважната споредна работа на светот. Сите тие што навиваат со страст, кои стојат со својот клуб и кога победува и кога губи, кои внимаваат да не му направат малер, кои скандираат на цел глас и тогаш кога губат 5:0, кои му даваат душа на фудбалот… За вас, вистинските навивачи!
Heineken ве води на спектакуларна фудбалска вечер со супер интересни активности и со многу можности за забава и за неповторливи фудбалски искуства, кои ќе ги крунисаме со гледање на финалето на ЛЕД екран од 551 инч, во неверојатен амбиент, покрај илјадници гласни и страсни навивачи во скопскиот Градски парк, кај езерцето, спроти стадионот.
Затоа, каков навивач и да си – гласен, верен, суеверен, жесток или посветен, добредојден си заедно со твојата екипа на шампионски фудбал и супер забава во друштво на вистински посветени навивачи.
Затоа што заедно сме победничка комбинација!
Влезот е слободен за #СитеВистинскиНавивачи
Коментирај анонимно