Фановите на Меси за прв пат го слушнаа како зборува англиски и видеото стана хит: „Дали ова е вистинскиот глас на Меси?“
Многу фанови за првпат го слушнаа легендарниот фудбалер како зборува на англиски јазик. Имено, во трејлерот за четвртото продолжение на „Bad Boys“, чија премиера во кината е закажана за 7-ми јуни, Смит и Лоренс прво ги посетува американскиот кошаркар Џими Батлер, кој сака да стане опасен исто како нив.
Меси ѕвони на нивната врата изговарајќи ги зборовите „лоши момци“, а Смит и Лоренс, незадоволни од неговиот глас, му кажуваат дека е на погрешна адреса.
„Дали ова е вистинскиот глас на Меси?“, „Меси знае англиски?“, „Ова е првпат во мојот живот да го слушнам Меси како зборува англиски“, „Ова е урнебесно“, се само дел од коментарите на социјалните мрежи.
Коментирај анонимно