Мистеријата за розовиот Мекларен, кој не се мрднал од пред хотел во Лондон цели четири години, е конечно решена

Лондончани ќе ви кажат дека четири години е паркиран розов суперавтомобил пред еден од нивните најекстравагантни хотели.

„Пред некој ден возев покрај хотелот „St Pancras Renaissance“ со мојот братучед, кој ми рече да ѕирнам на светло розевиот McLaren 570 паркиран надвор. Меѓутоа, мојот братучед, кој е всушност од Лондон, немаше никаква идеја зошто е паркиран пред хотелот со пет ѕвезди. И по брзата проверка на социјалните мрежи, луѓето беа запрепастени кога открија дека автомобилот сè уште е таму“. – сподели Тиктокерката Габи.

Луѓето на социјалните мрежи прашуваат: „Кога ќе се мрдне овој розов автомобил? Беше тука цела пандемија“.

„Ом, да! Се нема поместено и поминав овде неколку пати во последните неколку години“, коментираше едно лице.

„Чекај… поминав покрај него како пред седум месеци… Сѐ уште е таму?“ праша друг.

„Јас буквално живеам во Оксфорд и кога и да дојдам во Лондон, го гледам овој автомобил“.

 

Меѓу стотиците коментари, едно лице даде малку потенцијален увид во тоа што би можело да биде разумно објаснување.

Тие напишаа: „Јас всушност работам во хотелот „St Pancras Renaissance“, Мекларен е во сопственост на еден гостин кој трајно се преселил во хотелот во близина на почетокот на пандемијата затоа што имал проблеми да се врати во својата земја“.

Друго лице се согласи, пишувајќи: „Таму е барем пред 2018 година, сопственикот живее во хотелот. Тие му дозволуваат да го паркира таму бидејќи изгледа добро“.

Исто така се јави друг член на персоналот и откри дека автомобилот се вози од време на време.

„Тоа му припаѓа на човек кој изнајмува еден од становите на катот. Тој живее таму неколку години, не сме сигурни кој е тој. Секогаш кога ќе поминеме покрај него, само си помислувам каков автомобил и колку има среќа да го вози. Тој излегува со него од време на време“.

Сепак сите овие тврдења се непотврдени.

Според True Car, користената верзија на спортскиот автомобил се движи од 119.998 долари до 179.995 долари.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *