„Бевме да се тетовираме кај најстарата „тату“ уметничка на светот. Таа има 107 години и ЗАСПА додека тетовираше, но еве зошто е жива легенда!“
Ентони Џејмс (30) и неговата девојка Забрина (27) решиле да ги спакуваат куферите и да ги истражат чудата на светот уште во 2019 година. Оттогаш, тие се качуваат низ цела Азија и сето тоа го документираат на социјалните мрежи. Тоа вклучува и запознавање и интеракција со најстарата уметничка на тетоважи во светот, кој живее во зафрленото село Бускалан, Филипини. Парот пешачеле 14 часа во планините за да ја запознаат Апо Ванг-Од.
Ентони, кој порано работел во служба за корисници, објаснил: „Тетовирањето беше прилично болно, но брзо, на моменти малку интензивно. Апо Ванг е природно прилично стара, па заспива додека ги прави тетоважите. Локалните жители ја чуваат будна давајќи ѝ слатки. Таа, исто така, не зборува англиски, но сака да се шегува, многу е дрска, како што можете да видите на крајот од видеото…“
Ентони и Забрина максимално го искористиле своето време во селото Бускалан. За да бидат истетовирани од легендата, која пред 92 години, кога имала 15 години, започнала да тетовира, парот морал да плати по 300 филипински пезоси, или околу 8 долари. Тие, исто така, издвоиле 50 долари за нивното патување до селото, оброците сместувањето и патувањето назад.
Ентони изјави: „Слушнавме дека бидејќи е прилично стара, многу силно ја удира иглата, затоа што не гледа. Мастилото од она што можев да го видам беше јаглен. Не беше многу хигиенски што беше загрижувачко, тие не го менуваат мастилото меѓу луѓето и нема никаква дополнителна нега освен марамчиња за бебиња. Нејзината прецизност на тетоважите исто така не е најдобра, сепак таа е стара дама и тетовира со часови секој ден. Имаше 30 луѓе во нашата група и верувам дека имаше 10 групи тој ден, тоа е многу луѓе“.
Патувањата на парот можете да ги следите на „Instagram“ и „YouTube“.
Коментирај анонимно