Дедо на кардиолог (виц)
Еден дедо отишол на доктор и му рекол:
– Докторе, нешто имам проблем со срцето.
Докторот почнал со стандардните прашања:
– Пушиш ли?
– Не!
– Пиеш ли?
– Не!
– Имаш ли некои големи физички напори?
– Па, живеам на петтиот кат и не користам лифт!
Докторот климнал со главата:
– Е па тоа е! Еден месец не се качувај по скалите и потоа дојди на контрола!
После еден месец, дедото пак дошол кај докторот и се покажало дека срцето сега си работи како што треба. Докторот се насмеал:
– Браво, веќе се е во ред!
А дедото со уплашен глас:
– Докторе, јас само да прашам… Нели ти ми забрани да се качувам по скалите. Јас па заборавив да ти кажам дека во нашата зграда немаме лифт. Сега ќе можам ли да престанам да се качувам по олукот, зошто душата ми излезе?
ybOvIJwZUdTBt
CiGAfRFNwBty
Коментирај анонимно