Шпанската атлетичарка прослави пред време и си остана без медал на само неколку чекори од крајот

Замислете да трчате 20 километри и да бидете сигурни дека ќе бидете на подиумот со медал околу вратот, за на крај во последен момент некој да ве помине.

Тоа се случи со Шпанката Лаура Гарсија-Каро, која изгледаше дека ќе го освои третото место на трката.

 

 

Италијанските атлетичарки Антонела Палмисано и Валентина Трапалети веќе ги освоија златните и сребрените медали, но Гарсија-Каро беше сигурна дека таа ќе може да ја освои бронзата.

Како што се приближуваше до целта, таа ја крена тупаницата во знак на славење и го извади јазикот додека беше обвиткана во шпанското знаме. Сепак, на само неколку метри пред целта, таа беше престигната од Украинката Људмила Олјановска, со што шпанската атлетичарка изгледаше апсолутно шокирана.

По трката Гарсија-Каро рече дека ја видела Ољановска како доаѓа, но мислела дека нема да ја престигне во последната фаза од трката со уште неколку чекори до крајот.

 

Таа рече: „Во последниот круг бев доста исцрпена и се обидов да спринтам со она што ми остана затоа што сакав да извлечам што е можно поголема предност до последните неколку метри. Точно е дека на 300 и 200 метри до крајот гледав назад бидејќи знаев дека е релативно блиску, но на 100 метри повторно погледнав и видов дека сум 40 или 50 метри напред и веќе мислев дека нема да ме стигне“.

Како што можете да замислите, таа „воопшто не беше задоволна со овој крај“ и се надева дека работите ќе бидат поинакви следниот пат кога ќе се трка.

Што се однесува до Ољановска, таа го посвети својот бронзен медал на својата земја , која веќе повеќе од две години е нападната од Русија.

Таа рече: „Тоа е многу емотивен момент за мене Се разбира, бев уморна на последниот километар и последните метри, но толку многу сакав да го освојам овој медал за мојата земја“.

Тоа секако беше драматичен крај.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *