„Засекогаш млада“ – Кајли Миног воодушеви со жешка слика на нејзиниот 56-ти роденден
Поп-ѕвездата Кајли Миног наполни 56 години на 28 мај 2024 година. По блескавата прослава на нејзиниот роденден, таа уште еднаш докажа дека годините се само бројка. Пејачката на „Forever Young“ ги воодушеви обожавателите ширум светот со фотографија која зрачи со самодоверба и безвременска убавина.

Поп-ѕвездата Кајли Миног наполни 56 години на 28 мај 2024 година и ја прослави оваа пригода споделувајќи блескава фотографија на социјалните мрежи само неколку часа пред нејзиниот роденден. Неверојатната снимка брзо ги освои срцата на обожавателите ширум светот, кои ги преплавија коментарите со искрени роденденски желби.
Обожавателите ја поздравија со пораки како „Засекогаш млада“ и „Среќен роденден драга Кајли!“

Неколку часа подоцна, Кајли Миног уште еднаш ги воодушеви своите фанови со споделување на впечатливи снимки од тоа кога била мала.
На преслатките бебешки фотографии, Кајли му дозволи на светот да ѕирне во нејзините рани години, пишувајќи со искрена порака: „Роденден ми еее!! 🌸Благодарам мама и тато🌸 Вие сте најдобри! ✨Фала брат и сестра✨ Исто така, најдобри Прославувам со вас 💖 И благодарам за сите убави пораки од целиот свет. ВЕ САКАМ!!!”
View this post on Instagram

Коментирај анонимно