Првите оризови полиња во Европа се во Виница и Кочани, а оризот е донесен од војниците на Александар од Индија
Сите можеме да се сложиме дека Македонија е полна со историја и на секој квадратен метар газеле безброј стапала. Историјата до точка не можеме да ја знаеме, но фактите што се добро познати колку и да се трудат не може никој да ги порекне.
Едно од најголемите богатства на Македонија и нејзина вистинска гордост, претставуваат надалеку познатите кочански оризови полиња. Оризот тука се одгледувал тука уште од 4. век п.н.е. во времето на Александар Македонски. Се вели дека оризот е донесен од војниците на Александар од Индија.
Па, дали можеби првите оризови полиња во Европа се во Виница и Кочани?
А за поткрепа на таа теорија е интересно дека на јазикот на Ариевците за ориз се вели – Биринџ. Некои народи тука користат – Пиринач. Ние под влијание на Византија го користиме блиско-источното – ориз.
Има периоди во историјата кога кочанскиот ориз ги задоволувал потребите за храна на голем простор. Во времето на Османлиската Империја, кочанскиот ориз бил испраќан во султанскиот двор во Цариград, а во поблиската историја со него се хранела СФРЈ Југославија. Македонија обезбедувала 60 проценти од тогашниот југословенски пазар со кочански ориз. Тоа се времиња кога кочанскиот ориз ја носи титулата на вистински бренд.
Vizantija e Makedonija
Makedonija e Vizantija
Коментирај анонимно