„Мојот сопруг направи толку чуден сендвич што луѓето сакаат да се разведам од него“
Необичното кулинарско откритие ги остави луѓето зачудени откако неговата слика беше објавена на Редит. Сопругата напиша: „Мојот сопруг си направи топол сендвич со банана и сирење“.
Фотографијата откри две парчиња кафеав леб прелиени со исечени банани и топено сирење, оставајќи ги луѓето збунети поради необичната комбинација на вкусови. Тоа предизвика наплив на онлајн муабети, при што стотици не можат да ја разберат храната.
Некои луѓе сугерираа дека тој мора да биде „бремен“ за да копнее за такво „чудовиште“. Очекувано, многумина ја искористија можноста да се шегуваат и да се потсмеваат на ситуацијата.
Некои од нив дури и ја советуваа да се спакува и да го остави.
Еден напиша: „Ова е добро! Документирајте колку што можете повеќе за адвокатот за развод“.
„Жал ми е што слушам за претстојниот развод“ – напиша уште еден.
И покрај првичниот шок, се испостави дека има и авантуристички души на кои не би им пречело да го пробаат сендвичот. Па, би го пробале ли вие?
Мотика, штета што во насловот на ваква статија не стои нешто како, СКАНДАЛОЗНО или ШОК; ШОК; ШОК !!!!!
Коментирај анонимно