10 кратки вицови за долго, слатко смеење
Отишол еден ерген да бара совет од еден мудрец:
– Сакам да си земам жена, којашто сака семество, убава, паметна и верна.
Мудрецот му одговорил:
– И како мислиш да се справиш со четири наеднаш?
– – – – – – –
– Маре, како ја крстивте малата? Слушнав некое модерно име.
– Алое.
– На кого ма?
– На баба ѝ Вера!
– – – – – – –
Телето прогледува веднаш после раѓањето, мачињата после 5 дена, а мажите дури после свадбата!
– – – – – – –
– Жено, те даваат на телевизија!
– Така ли, на која програма?
– Animal Planet…
– – – – – – –
– Сине, ти да не се дрогираш?
– Не бе тато, од каде ти дојде на памет да ме прашаш?
– Пааа… една птичка ми кажа.
– Аха, ти си правиш муабет со птиците, а мене ме прашуваш дали се дрогирам?
– – – – – – –
Според некаква статистика, 40 проценти од сообраќајните несреќи се предизивкани од пијани возачи. Останатите 60 се од тие што пијат вода.
– – – – – – –
Маж лежи во болница целиот во гипс. Му доаѓа другарот на посета и го прашува:
– Што се случи бе брат? Сношти те видов во кафичот играше со една женска?
– Не си ме видел само ти, и жената ме видела!
– – – – – – –
Со мажот ми се договоривме еден ден јас да пазарувам, еден ден тој.
Сега еден ден јадеме, еден ден пиеме.
– – – – – – –
– Господине, ќе ми го отстапите ли местото да седнам, бремена сум?
– Се разбира. А колку време сте бремена, не ви се познава?
– 15 минути и затоа сум толку уморена.
– – – – – – –
– Што правите со ракијата којашто ќе ви остане?
– Не ви го разбирам прашањето!
Коментирај анонимно