Кога ќе дочекате ново дете целиот ваш свет се менува: 8 луѓе кои знаат дека да се биде родител е постојана битка
Да се биде родител е веројатно најтешката работа, потребно е време и енергија деноноќно долги години. Некои можеби мислат дека нема ништо тешко да се биде мајка или татко – само готвење оброци, носење на детето во парк, играње игри и читање приказни пред спиење. Сепак, вистината е далеку од тоа. Кога едно семејство ќе дочека ново дете, целиот свет им се превртува наопаку.

1.
Нашето првороденче имаше околу 18 месеци. Одеше, но не многу стабилно. Бев долу на компјутерот, а жена викнка од горе дека ќе влезе во бањата и јас да го гледам. Се разбравме погрешно, па тој беше сам околу 3 минути. Таа излегува и прашува каде е, а него го нема никаде во куќата.
Мислејќи дека само се крие, почнавме да бараме, само за да забележиме дека вратата на задниот двор е малку отворена. Веќе видно загрижени си помисливме дека тој мора да се прикрал надвор. Го пребаруваме оградениот двор – ништо. Сега веќе срцата ни се во петици.
Истрчуваме и по улицата. Го наоѓаме два блока подалеку, како се упатува кон паркот. За среќа, нашите љубезни соседи го пресретнале и го носеа накај дома, препознавајќи не од претходните прошетки. Непотребно е да се каже дека после тоа ставивме детски брави на сите врати.
2.
Јас сум самохран татко. Ќерка ми еднаш ме праша: „Од каде доаѓаат бебињата?“ Не сакам да ја лажам ќерка ми, па најдов книга за деца на оваа тема. Седнавме и ја разгледавме детално.
Потое едно момче од училиштето ѝ кажало дека децата се наоѓаат во зелката. Но, ќерка ми не се согласила и му кажала сè што знаеше. Следниот ден, родителите на ова момче ми се јавија, велејќи: „Како може вашето 7-годишно дете да знае за овие работи? Не е во ред“.
Почнаа да ми се закануваат дека ќе се јават во службите за заштита на децата и ќе поднесат пријава во полиција. И јас одговорив дека снимката од нашиот разговор ќе ја објавам во групата на родители. Го известив и класниот раководител да спречи каква било провокација. Таа ме поддржа. Добро е што барем наставниците се способни за критичко размислување.

3.
Една моја пријателка е во брак 5 години. Одеднаш сопругот ѝ рекол: „Ајде да имаме бебе“. Таа го прашала: „Дали ќе ми помогнеш со бебето? Колку често? Дали си подготвен да се справиш со моите хормонски бранови? Дали ќе можеш да работиш за нас двајцата? И ако детето се разболи?“
Тој брзо го прекина нивниот разговор, велејќи: „Ти си луда“.
4.
Мојата сопруга сакаше второ дете. Бев против тоа. Јас сум единствениот кој работи. Сакам да го одведам семејството на одмор и да купам нов автомобил. Така, тајно престана да пие апчиња и еден ден радосно ме извести дека е бремена.
Но, нејзините зборови беа последната капка: „Кога ќе се роди бебето, ќе се предомислиш и ќе станеш среќен татко“. Само што заминав и поднесов барање за развод. Никогаш нема да стапнам во куќа каде што моето мислење не значи ништо.

5.
Моето дете извади стапче путер од фрижидерот и го фрли во аквариумот за риби. Неколку минути подоцна, сите риби лебдеа мртви. Тоа беше последен пат кога поседувавме риба.
6.
Ја запознав мојата идна сопруга. Откако живеевме заедно, сфатив дека таа е таа. Ја запросив. Пред да започнеме со свадбените аранжмани, детално разговаравме за нашиот заеднички живот: семејството, кариерата, парите, па дури и нашите постапки во случај на развод. За да се породи, мојата сопруга мораше да помине низ 9 кругови на пеколот: спонтан абортус, депресија, дијагнози на „неплодност“, бескрајни лекари, бременост, бескраен стрес и тешко породување.
Имавме среќа и добивме прекрасно, здраво бебе. Ја држев за рака жена ми кога се породи. Во првите денови срцето ни се тресеше со секое кивање на бебето. Мојата сопруга имаше постпородилна депресија. Непроспиени ноќи, одбивање на градите, болница, страв.
Дали некогаш сме зажалиле што влеговме во сето ова? Не! Дали сакам повеќе деца? Да! Дали би ја замолил жена ми повторно да помине низ сето ова? Никогаш!

7.
Сама воспитувам ќерка тинејџерка, таа има 14 години. Но, таа не може да разбере како правилно да ги троши парите. Јас ѝ давам џепарлак и се договараме што работи може да купи со него. На пример, маица без светкави работи, за да може да ја носи на училиште.
Но, сега сака да се истакне: бара маникир, корекција на веѓите и скапа шминка затоа што тоа го прават сите девојки во одделението. Немам дополнителни пари за овие работи. И ќерка ми се лути мене кога одам на маникир. Но, имам скоро 40 години, возрасна жена сум, заработувам пари и одлучувам како да ги трошам парите.
Неколку пати ѝ оставив пари за намирници, а таа купи само нешто а со останатите отиде да си стави нокти. Ѝ дадов пари за нови чевли, бидејќи ги надрасна старите, ѝ дозволив сама да ги избере. И повторно ги потрошила на маникир, но не само на обичен маникир! Луд дизајн, долги нокти, страшно!
Нормално, ѝ реков дека нема да добие нови чевли и дека тие чевли сега ѝ се на ноктите. Таа плачеше и се налути. Татко ѝ плаќа минимална издршка. И го бројам секој денар, но на ќерка ми не ѝ е грижа. Разговорот со неа не помага.
8.
Имам 42, мажена сум и имаме 16 годишен син. Но, бракот оди кон развод затоа што мојот сопруг сака повторно да стане татко. Тој не беше вклучен во подигањето на нашето прво дете. Тој немаше валидни причини за тоа. Не беше зафатен со работа, но секогаш нешто беше поважно од тоа да поминува време со својот син.
Сега момчето е тинејџер кој го гледа својот татко како банкомат со проширена функционалност на таксист. Имаме подобра врска, но и таа е затегната. Му предлагам на маж ми да се смири, да го поддржи нашиот син додека се подготвува за факултет и да го подобри нивниот однос со нормални методи, наместо да му купи гејмерска конзола. Но, мојот сопруг се откажа од детето и сега сака ново, кое сака да го подигне од самиот старт.
Го познавам прилично добро повеќе од 20 години и воопшто не му верувам. Но не ми треба бебе на 40, немам енергија за тоа. Така, мојот сопруг почна да ми се заканува дека ќе најде друга жена што ќе му роди дете.

Коментирај анонимно