Огромно разочарување: „Платив 1.690 долари за два ВИП билета за концерт на Тејлор Свифт, за на крај да гледаме во…“

Бесна мајка ги нападна компаниите кои продаваат билети, откако платила 1.690 долари за два билета за концерт на Тејлор Свифт со нејзината 15-годишна ќерка, бидејќи нејзиниот поглед бил попречен од ВИП шатор и тоалет.

 

 

 

Катрина Хачинсон О’Нил, од Бречин, Шкотска, отпатувала до Единбург за да ја види поп-мегаѕвездата како ја отвора својата турнеја во Обединетото Кралство.

Таа ја однела својата ќерка Адисон (15) на шоуто, откако се одлучила за пакетот „It’s Been A Long Time Coming“. Билетите, кои биле фактурирани како дел од пакетот како ВИП, ветувале „незаборавно место“ на концертот. Но, по пристигнувањето на стадионот Марејфилд со капацитет од 73.000 луѓе, Катрина открила дека нејзиното седиште е блокирано од шаторот „VIP“ – каде стојат познати личности и пријатели на Тејлор.

 

 

„Го земав цел слободен ден, ќерка ми имаше дозвола да има слободен ден на училиште. Излеговме од куќата во 8 часот наутро и возевме два и пол часа јужно до Единбург. Адисон беше многу возбудена. Таа сака музика во живо и сакам да одам со неа. Но, беше супер разочарувачки“.

Катрина додала дека била ставена на листа на чекање, откако првично не успеала да набави билети. Меѓутоа, како што вели бесната мајка, луѓето што ги земале билетите со попречен поглед „имале подобар поглед од нив“.

 

 

 

Кога Катрина пристигна на стадионот, брзо сфатила дека нејзините седишта немаат јасен поглед на сцената. Други луѓе со седишта во нејзина близина се пожалиле и биле преместени.

„Не сакав да правам врева пред Адисон и се преправав дека тоа не е проблем. Но, прашавме наоколу и други луѓе платија и до 200 долари само за да се преместат“.

  • Васе напиша:

    Кој се сеќава на времето кога во Скопје кога работеа кината турбо? 3 недели чекав да помине гужва за филмот: „Лепа села, лепо горе“! И по 3 недели не можеше да се купи карта на шалтер, па морав да купам од „шиткачи“, нормално дупло поскапа! Со девојката добивме седишта на 2 балкон! И кога седнавме, пред нас имаше СТУБ!!! Но без нервоза, седнавме на скалите меѓу групата седишта и така го изгледавме овој интересен филм! И то…

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *